Зачленување

Постапка за членство во ЕЛКОЛЕКТ

medium-leaf
small-leaf
large-leaf
large-leaf
small-leaf
medium-leaf
Станете член
За да станете член на ЕЛКОЛЕКТ треба да сте регистрирани како производител на електрична и електронска опрема во Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 14 од Законот за проширена одговорност на производителот („Сл. Весник на РСМ“ бр. 215/21).
Регистрирање во Министерството за животна средина
Доколку сеуште не сте регистрирани во Министерството за животна средина и просторно планирање потребно е тоа да го сторите пред да увезете/пуштите на пазар за прв пат електрична и електронска опрема во Република Северна Македонија.

Регистрацијата за производител се прави во Министерството за животна средина и просторно планирање со достава на следните документи:
• Пополнето барање за регистрација на производител во Регистарот на производители за проширена одговорност;
• Копија од тековна состојба;
• Копија од уплатница за платена административна такса
• Договор со колективен постапувач
За точно пополнување на Барањето за регистрација во делот на определување на категории на опрема според тарифен број на опремата што ја увезувате за прв пат во Република Северна Македонија погледнете го Упатството за категории на опрема по тарифен број.
Производителот има обврска за електронско регистрирање на посебна интернет страница согласно Правилникот за формата и содржината на барањето за регистрација на производителот, формата и содржината на барањето за бришење од регистарот на производители со проширена одговорност, формата и содржината на регистарот за производители со проширена одговорност, начинот на чување и одржување на регистарот, како и формата и содржината на потврдата за регистрација и потврдата за прошење на производителот во регистарот на производители со проширена одговорност („Сл. Весник на РСМ“ бр. 58/22).
large-leaf
small-leaf
medium-leaf
Стани член на ЕЛКОЛЕКТ
Член на ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје се станува со потпишување на Договор за преземање на обврски за постапување со отпад од електрична и електронска опрема.
Обврска на производителот
Производителот има обврска за редовно плаќање на надоместок кон ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје за управување со отпадна електрична и електронска опрема согласно ценовникот за тековната година кој ЕЛКОЛЕКТ го објавува на својата веб страна најдоцна до 15 Ноември во тековната за наредната година.
large-leaf
small-leaf
medium-leaf