• Крајниот корисник е должен отпадната опрема да ја врати кај трговецот, да ја предаде на собирач во собирен центар или на друго место за преземање и собирање, определено на локално односно регионално ниво;
• Крајниот корисник, отпадната опрема која не е отпадна опрема од домаќинства е должен да ја предаде на производителот или на правно лице кое поседува соодветна дозвола;
• Крајниот корисник пред да ја предаде отпадната опрема е должен да ја собере и да ја чува одвоено за да не се меша со друг вид на отпад и да не се ситни или на друг начин уништува или загадува со опасни или други супстанции, при што нејзината повторна употреба или преработка би биле оневозможени;
• Отпадната опрема од домаќинствата којашто е толку оштетена, поради што опасните супстанции содржани во неа, ја загрозуваат или би можеле да ја загрозат животната средина и здравјето на луѓето, односно истата останала без најважните составни делови, или е загадена со друг вид на отпад, крајниот корисник е должен да ја предаде во собирен центар, собирно место или инсталација за преработка на отпадна опрема.