Приспособете ги поставките за согласност

Ние користиме колачиња за да ви помогнеме ефикасно да се движите и да извршувате одредени функции. Подолу ќе најдете детални информации за сите колачиња во секоја категорија на согласност.

Колачињата кои се категоризирани како „Неопходни“ се зачувани на вашиот прелистувач бидејќи се неопходни за овозможување на основните функционалности на страницата.... 

Секогаш активни

Necessary cookies are required to enable the basic features of this site, such as providing secure log-in or adjusting your consent preferences. These cookies do not store any personally identifiable data.

Нема колачиња за приказ.

Functional cookies help perform certain functionalities like sharing the content of the website on social media platforms, collecting feedback, and other third-party features.

Нема колачиња за приказ.

Analytical cookies are used to understand how visitors interact with the website. These cookies help provide information on metrics such as the number of visitors, bounce rate, traffic source, etc.

Нема колачиња за приказ.

Performance cookies are used to understand and analyze the key performance indexes of the website which helps in delivering a better user experience for the visitors.

Нема колачиња за приказ.

Advertisement cookies are used to provide visitors with customized advertisements based on the pages you visited previously and to analyze the effectiveness of the ad campaigns.

Нема колачиња за приказ.

ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ НА ТРГОВЕЦ

“Трговец” согласно член 7  точка 15 од Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема („Сл. Весник на РСМ“ бр. 176/21) е правно или физичко лице кое во синџирот на снабдување ја прави опремата достапна на пазарот. Трговец, може во исто врема да биде и производител.

• Трговецот е должен, при продажба на опрема на крајниот корисник бесплатно да ја прими назад отпадната опрема, доколку сака да ја врати при што функцијата на отпадната опрема е иста како и продадената, а бројот на парчиња од отпадната опрема е еднаков со бројот на парчиња од продадената опрема (систем еден на еден);

• Доколку трговецот врши домашна испорака на опрема е должен на крајниот корисник да му понуди бесплатно преземање на отпадната опрема од домаќинствата од местото на кое се врши достава, најмалку за истиот број парчиња опрема со иста класификација и функција, доколку истиот сака да ја предаде;

• Трговецот кој има малопродажна продавница со површина над 400 m2 е должен да обезбеди простор (во самиот објект на продажниот простор или во негова непосредна близина) за бесплатно собирање на отпадна опрема од домаќинствата со големина чиј надворешен обем е до 25 cm и без обврска за купување на слична опрема од крајниот корисник. Просторот мора да биде достапен до јавноста и означен на начин кој ќе овозможи да бидат истакнати јасно видливи знаци за неговата местоположба на видно место;

• Трговецот во својот продажен простор, како и на неговата веб-страница, интернет и печатен маркетиншки материјал за продажба, е должен да истакне информација за крајниот корисник за можноста за враќање на отпадната опрема од домаќинствата, како и за неговата обврска за преземање;

Трговецот, собраната отпадна опрема од домаќинствата е должен без надоместок да ја предаде, на собирач или на инсталација за преработка на отпадна опрема кои се дел од систем на колективен или самостоен постапувач со идентификациони и транспортни формулари согласно прописите за управување со отпад;

• Трговецот не треба да поседува дозвола за местата за повратен прием или за собраната отпадна опрема од домаќинствата во своите деловни простории, во согласност со прописите за управување со отпадот;

Трговецот, самостојно или во договор со производителот може да преземе мерки за поттикнување на крајните корисници да ја враќаат отпадната опрема со цел зголемено учество во собирањето на отпадната опрема, олеснување на процесот за повторна употреба и преработка преку нудење попусти при купување нови производи или други поттикнувачки мерки;

• Трговецот може да одбие да ја прими отпадната опрема од домаќинствата од крајниот корисник доколку: отпадната опрема не ги содржи основните составни делови, опремата содржи друг вид отпад освен отпадна опрема или отпадната опрема е толку оштетена или загадена што поради опасните супстанции кои ги содржи, ја загрозува животната средина и здравјето на луѓето;

Доколку трговецот одбие да ја прими отпадната опрема поради претходно наведените причини, е должен да го извести крајниот корисник за собирен центар, собирно место или инсталација за преработка на отпадна опрема каде крајниот корисник може да ја предаде отпадната опрема;

• Трговецот е должен да води евиденција за количеството на преземена, собрана како и предадена отпадна опрема од домаќинствата, според вид и категорија на отпад на посебен образец;

Евиденцијата што ја води трговецот мора да се наоѓа во деловната просторија, во која се врши трговија и во секое време да биде достапна на надлежните инспекциски органи;

• Трговецот, од производителот од кој ја набавува опремата е должен да обезбеди писмена потврда дека е дел од самостоен или колективен постапувач за управување со отпадна опрема, односно потврда дека производителот го платил надоместокот кон самостојниот или колективниот постапувач.

sqenmk