14 ОКТОМВРИ 2024 – Меѓународен ден на Е-отпад

14 ОКТОМВРИ 2024 – Меѓународен ден на Е-отпад

Одбележувањето на овогодинешниот Меѓународен ден на Е-отпад ќе биде насочено кон мотивирање на луѓето да го побараат заборавениот е-отпад натрупан во домовите и работните простории и да ги поттикне да се приклучат на ловот на е-отпад.
Големината на проблемот со Е-отпадот: 1,55 милиони камиони кои се протегаат околу Екваторот!

Според најновиот Генерален мониторинг на е-отпад на Обединетите Нации, во 2022 година ширум светот биле создадени 62 милијарди килограми е-отпад. Тоа значи дека 1,55 милиони камиони полни со е-отпад се наредени долж екваторот на Земјата. Во моментов, количината на е-отпад расте пет пати побрзо од формално собраните стапки за рециклирање од 2010 година.
Студија од 2023 година, спроведена од Институтот за обука и истражување на Обединетите нации (UNITAR) и членовите на форумот за ОЕЕЕ во 6 земји (Велика Британија, Италија, Португалија, Романија, Словенија и Холандија) покажа дека од 74 е-производи во едно просечно домаќинство, 13 од нив се чуваат (од нив 9 се исправни но не се користат, и 4 се расипани). Малата забавна електроника и додатоците (како слушалки или далечински управувачи) се на врвот на листата на производи кои се чуваат, а вредните ресурси што ги содржат не можат да се рециклираат ако останат скриени во фиоки и плакари.
За да се помогне во справувањето со овој глобален проблем, секоја година на 14 Октомври се одбележува Меѓународниот ден на Е-отпадот. Овој настан за подигање на свеста, инициран од Форумот за ОЕЕЕ и неговите членови, има за цел да ја истакне важноста на формалното и одговорно управување со е-отпадот и решенијата достапни за секој граѓанин во неговата заедница. Минатата година во одбележувањето учествуваа 195 компании од 55 земји преку организирање настани, собирање е-отпад, социјални медиуми и кампањи за печатот.

Меѓународен ден на е-отпад 2024:
Придружете се на ловот на Е-отпад – извлечете, рециклирајте и оживејте!

Меѓународниот ден на Е-отпад секоја година се одржува на 14-ти Октомври со намера да помогне во справувањето со овој глобален проблем. Овогодинешното издание се одвива под слоганот „Приклучи се на ловот на Е-отпад – извлечи, рециклирај и оживеј! фокусирајќи се на заборавената електроника што луѓето ја имаат во своите домови без воопшто да знаат дека овие предмети содржат вредни материјали кои би можеле да добијат нов живот.
Електронскиот отпад вклучува сè што има приклучок, кабел или батерија, но најчесто овие „заборавени“ мали електронски уреди се : стари мобилни телефони, кабли, USB приклучоци, читачи на картички, конзоли за игри и други уреди кои често се чуваат во фиоките и ормарите. Целта на Меѓународниот ден на Е-отпадот 2024 година е да ги инспирира луѓето да ги исчистат своите домови од неискористените или расипани уреди. Со тоа, секој може да придонесе за намалување на загадувањето, ефикасно користење на ресурсите и заштеда на енергија и CO2.

Што можам да направам?
Ако застапувате компанија:

Приклучете се на активностите на 14 октомври:

Добредојдени се сите активности за подигање на свеста за е-отпадот.

Ако сте поединец:
Отпочнете го вашиот „Лов на Е-отпад“ и испразнете ги вашите фиоки и ормари!

ОЕЕЕ Форумот оваа година организира натпревар на социјалните медиуми на кој можете да освоите билет за воз за патување низ Европа.
Учествувајте во натпреварот на социјалните мрежи: испратете слика од вашата преполнета фиока каде ги чувате сите неупотребливи електронски уреди и покажете каде сте ги предале за да добиете шанса да освоите билет за воз за патување низ Европа!

Во секое домаќинство постои „тајно место“ каде се собираат сите ситници и уреди со кои не знаеме што да правиме, но ги чуваме за да не ни затребаат.

Натпреварот вклучува објавување на фотографија токму од преполнетата фиока со неупотребливи електронски уреди:

1. Фотографирајте ја вашата фиока и објавете ја на вашата социјална мрежа: Facebook, LinkedIn, X, Instagram или било која друга. Проверете дали објавата е јавна и дали може да се сподели.
2. Означете ја објавата со #ewastehunt, #junkdrawer #ewasteday 
3. На интернет, пронајдете го собирното место за е-отпад во вашата најблиска околина и вклучете ги тие информации во вашата објава за да им ги покажете на вашите следбеници практичните чекори што ги преземате откако ќе се ослободите од вашиот е-отпад. Можете исто така да објасните зошто сте го направиле тоа.
4. Оставете го вашиот електронски отпад на местото кое сте го избрале.
5. Пополнете го формуларот за онлајн апликација, бидејќи само така официјално учествувате во извлекувањето за главната награда – билет за воз за патување низ Европа: https://weee-forum.org/contest/

Поврзани објави