Општина Пехчево без електронски отпад во соработка со Елколект

Општина Пехчево Без Електронски Отпад Во Соработка Со Елколект

Елколект во соработка со Општина Пехчево и градоначалникот Александар Китански потпишаа договор за соработка и поддршка во управувањето со посебните текови на отпад со единиците на локалната самоуправа.
 
Во срцето на општината, на градскиот паркинг и во улицата ,,Александар Македонски”, се поставени два е-контејнери, по еден во селата Робово и Црник.
Овие места се не само точки за одлагање на електронски отпад, туку и симболи на нашата посветеност кон одржлива и одговорна потрошувачка култура.
 
Дополнително, две метални корпи го се поставени во ООУ ,,Ванчо Китанов”, а уште една стои во близина на градинката во селото Чифлик.
Овие корпи не само што го изразуваат нашиот ангажман кон рециклирање, туку и ја подигнуваат свеста за одговорност кај нашите најмлади.
 
На крајот, Собирниот центар во Јавното комунално претпријатие ,,Комуналец” е потврда на нашата заедничка визија за здрава и зелена општина.
 
Тука, граѓаните на Пехчево можат да ги одложат сите видови на електричен и електронски отпад, придонесувајќи кон создавањето на поубава и почиста околина за сите нас.
 
 

Поврзани објави