ПРОИЗВОДИТЕЛ
„Производител” согласно член 7 точка 13 од Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема (Сл. Весник на РСМ бр. 176/21) е секое правно или физичко лице кое без оглед на начинот на продажба, вклучувајќи ја и продажбата по пат на комуникација на далечина во согласност со прописите со кои се уредува заштита на потрошувачите:
- е основано во Република Северна Македонија и произведува опрема под свое име или трговска марка или ја проектира или произведува опремата па ја продава под свое име или трговска марка на територијата на Република Северна Македонија;
- има седиште во Република Северна Македонија и препродава на територијата на Република Северна Македонија, под свое или трговска. Марка, опрема произведена од друг производител, со тоа што препродавачот не се смета за производител ако марката на изворниот производител е наведена на опремата;
- има седиште во Република Северна Македонија и поради вршење на својата дејност увезува опрема заради пуштање на пазарот во Република Северна Македонија или извезува опрема надвор од неа. Како краен производител ќе се смета и производител кој како краен корисник заради свои потреби увезол опрема без посредник, како и правно или физичко лице кое увезува употребувана опрема и ја пушта на пазарот во Република Северна Македонија;
- основано е во друга земја и продава опрема по пат на комуникација на далечина директно на домаќинства или други корисници различни од домаќинства во Република Северна Македонија.
За производител нема да се смета лице кое обезбедува само финансиска поддршка според или во согласност со каква било финансиска спогодба освен ако тој не делува како производител во смисла на погоре наведеното.

Законски обврски на Производител
- Производителите кои за прв пат пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници опрема за сопствени потреби во Република Северна Македонија опрема, се должни да се регистрираат за тоа во органот на државната управа надлежен за вршење на стручните работи од областа на животната средина.
- Регистрацијата се врши со доставување на барање за регистрација, од страна на производителот до Стручниот орган.
- Производителот на опремата и прозводителот на материјали и составни делови на опремата се должни при проектирањето, дизајнирањето и производството на опремата да преземат мерки и активности со кои ќе се обезбеди: намалување на употребата на опасни супстанции, олеснето расклопување и демонтирање, повторна употреба, рециклирање или на друг начин преработка на отпадната опрема, нејзините составни делови и вградени материјали;
- Производителот е должен н опремата која ја пушта на пазар, на видливо место да обезбеди јасно видлива, литлива и прикажана на неизбришлив начин ознака за обврска за одделно собирање на отпадната опрема;
- Производителот е должен да се грижи за отпадот што се создава по употреба на производот;
- Производителот е должен да обезбеди и организира систем за собирање на отпадната опрема од домаќинствата каде повратниот прием и собирањето на отпадната опрема од домаќинствата се врши на начин на кој крајните корисници и трговецот кој ја презема отпадната опрема од домаќинствата ќе ја враќаат бесплатно со цел понатамошно постапување и постигнување на целите за собирање и целите за преработка на отпадната опрема;
- Производителот е должен да соработува со трговецот во чии простории се пласираат производите кои тој ги пуштил на пазарот заради преземање на заеднички мерки кои имаат за цел да поттикнат собирање на отпадни производи од крајните потрошувачи, како и да обезбедат опрема за одделно собирање на отпадот што се создава од отпадните производи, заради нивна повторна употреба, преработка или рециклирање на посебниот тек на отпад и со тоа постигнување на националните цели;
- Заради постигнување на националните цели, производителот самостојно или преку колективниот постапувач е должен, да соработува со општините, општините во градот Скопје и Градот Скопје и регионалните системи за управување со отпад заради преземање на заеднички мерки кои имаат за цел поттикнување на одделно собирање на отпадните производи, како и да воспостават собирни центри и друга инфраструктура за одделно собирање на отпадни производи и посебни текови на отпад заради повторнупотреба, преработка и рециклирање на посебниот тек на отпад;
Категории на електрична и електронска опрема на која се однесуваат обврските на производителот:
Категорија 1: Опрема за температурна размена
Категорија 2: Екрани, монитори и опрема која има екрани со површина поголема од 100 cm2;
Категотија 3: Светилки
Категорија 4: Голема опрема
Категорија 5: Мала опрема
Категорија 6: Мала информатичко-комиуникациска технологија и телекомуникациска опрема
Видови на опрема која спаѓа во соодветната категорија
Категорија 1
фрижидери, замрзнувачи, клима уреди, топлински пумпи
Категорија 2
Екрани, телевизори, ЛЦД рамки за фотографии, монитори, лаптопи, преносни компјутери, таблети, е-книги-/е-читачи
Категорија 3
Рамни флуоресцентни светилки, компактни флуоресцентни светилки, флуоресцентни светилки, светилки со висдок интензитет на празнење светилки - вклучувајќи натриумови светилки под притисок и метал халидни светилки, натриумови светилки со низок притисок, LED светилки.
Категорија 4
апарати за домаќинство, информатичко комуникациска технологија и телекомуникациска опрема, опрема за потрошувачи, опрема за осветлување, опрема што репродуцира звук или слики, музичка опрема, електрични и електронски алати, играчки, опрема за спорт и рекреација, медицински уреди, инструменти за следење и контрола, автоматски диспанзери, опрема за производство на електрични струи). Оваа категорија не ја опфаќа опремата вклучена во Категориите од 1 ,2 и 3
Категорија 5
апарати за домаќинство, опрема за потрошувачи, опрема за осветлување, опрема што репродуцира звук или слики, музичка опрема, електрични и електронски алатки, играчки, опрема за спорт и рекреација, медицински уреди, инструменти за следење и контрола, автоматски диспанзери, опрема за производство на електрични струи). Оваа категорија не опфаќа опрема вклучена во Категориите од 1,2,3 и 6.
Категорија 6
Мобилни телефони (паметни телефони, таблети итн.), GPS и опрема за навигација, џебни калкулатори, рутери, персонални компјутери, принтери, телефони
Видови на опрема која не спаѓа во соодветната категорија:
Категорија 1
Опрема за вентилација (на пр. вентилатор, вентилатор за топол воздух, вентилаторски калеми итн.), инфрацрвена опрема, или радијатори на водаи воопшто целата опрема која користи вода без адитиви или ладилни средства за температурна размена
Категорија 2
а) Мала ИКТ опрема, како што се мобилни телефони (паметни телефони, таблети итн.), GPS и опрема за навигација, џебни калкулатори, телефони итн. (како е-опрема е распределени во категоријата 6). б) Е-опрема што може да содржи екрани со површини поголеми од 100 cm2, како на пр. некои фрижидери, банкомати, опрема за нега на тело, индустриски машини, медицински помагала, принтери, фотокопир итн
Категорија 3
апарат кој ја дистрибуира, филтрира или трансформира светлината пренесена од една или повеќе светилки и кој ги вклучува сите делови потребни за поддршка, фиксирање и заштита на светилките и, каде што е потребно, помошни електрични кола заедно со средствата за поврзување до електричното напојување. Светилките се распределени во категоријата 4 или 5. Светилките со интегрирани извори на светлина (што не може да се отстрани без да се оштети единицата) се сметаат како светилки
Категорија 4
Автомати за ладење (категорија 1), големи екрани (категорија 2), големи светилки (долги флуоресцентни цевки) (категорија 3) итн.
Категорија 5
Малата ИКТ опрема со надворешна димензија помала од 50 cm (мобилни телефони како на пр. паметни телефони, таблети итн.), рутери, печатачи, GPS и опрема за навигација итн.) е распределена во категоријата 6.
Категорија 6
Мала опрема која не е ИТ и телекомуникациска опрема (на пр. mp плеери итн.), голема ИТ опрема (големи принтери) и ИТ опрема со екрани поголема од 100 cm2 (лаптопи, таблети, eBook-/e-Readers итн.) кои се во категоријата 2.