14 ОКТОМВРИ 2024 – Меѓународен ден на Е-отпад Одбележувањето на овогодинешниот Меѓународен ден на Е-отпад ќе биде насочено кон...
Одржана конференција на тема „Предизвици во управувањето со ОЕЕО и ОБА“.
На ден 25.10.2017 год. во Хотел Континентал, Друштвото ЕЛКОЛЕКТ доо – Скопје, под потполно покровителство, организираше конференција на тема „Предизвици во управувањето со ОЕЕО и ОБА“.
Конференцијата беше отворена од страна на Директорот на Управата за животна средина Билјана Зефиќ и Билјана Неделковска Миланоска како претставник на основачите на ЕЛКОЕЛКТ, а со свое излагање учество земаа: Управителот на ЕЛКОЛЕКТ – Фана Христовска, Раководителот на секторот ЕУ и ИПА при Министерството за Животна средина- Јадранка Иванова, Раководителот на секторот за отпад при Управата за животна средина – Ана Каранфилова Мазневска, како и Постојаниот Твинин Советник од Велика Британија – Греам Брн.
Конференцијата имаше за цел да ги запознае присутните степенот на имплементација на постојното законодавство во делот на управувањето со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори како и да ги претстави новите законски решенија. Покрај информативниот карактер, Конференцијата имаше за цел да даде можност на засегнатите страни да постават прашања како и да ги искажат своите мислења во однос на новините кои ги очекуваат.
На конференцијата зедоа учество претставници на членките на колективниот постапувач ЕЛКОЛЕКТ доо – Скопје, општини, како и од Градот Скопје, Комунални претпријатија, рециклатори, колективни постапувачи за отпад од пакување, државниот инспекторат за животна средина, Здруженија на граѓани кои делуваат на полето на животната средина како и претставници од други засегнати страни.
Поврзани објави
Дополнување и обновување на веќе постоечката инфраструктура со нов собирен центар за е-отпад за граѓаните од Општина Демир Капија....
Компанијата Синпекс од Битола како општествено одговорна компанија и членка на Елколект, овозможи поставување собирен центар во кругот на...