Од 03.09.2018 год. па сè до 30.10.2018 година ќе се реализира Третиот циклус од нашата наградна игра насловена како „ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“. Овој пат ги опфативе следните три Општини: Македонски Брод, Струга и Дебар.
Сè што треба да направите, е во овој период, да го однесете својот електричен и електронски отпад во нашите ЕКО Магацини, кои се лоцирани на следниве места:
- Општина Македонски Брод: ЈП Комунална Хигиена на ул. Партизанска бб – Македонски Брод,
- Општина Струга: Црвен Крст на ул. Ристо Крле бб и ООУ „Јосип Броз Тито“ на ул. Димче Ковачевски бр. 64 и
- Општина Дебар: ЈКП Стандард на ул. Скопска бб – Дебар.
Од страна на овласетните лица, ќе добиете соодвете број на купони, кои потоа ќе бидат предмет на извлекување на среќните 7 добитници на вредни награди.
Времето и местото на извлекување на добитниците од овие Општини ќе биде:
- Општина Македонски Брод, во 10:00 часот, во просториите на Општинската зграда на адреса ул. 7ми Септември бр. 4 – Македонски Брод,
- Општина Струга, во 12:30 часот, во салата за состаноци на советот на Општина Струга, на адреса ул. Владо Малески бб – Струга и
- Општина Дебар, во 15:00 часот, во Општинската зграда на адреса ул. 8ми Септември бр. 72 – Дебар.
Учествувајте и очекувајте една од вредните награди кои ги подготвивме за вас, Ве очекуваме.
