Елколект и Електро Еко Грижа со ново собирно место во Ист Гејт Мол Елколект и Електро Еко Грижа, воспоставија...
НАГРАДНА ИГРА – III Циклус 2018 година „ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“
Од 03.09.2018 год. па сè до 30.10.2018 година ќе се реализира Третиот циклус од нашата наградна игра насловена како „ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“. Овој пат ги опфативме следните три Општини: Македонски Брод, Струга и Дебар.
Сè што треба да направите, е во овој период, да го однесете својот електричен и електронски отпад во нашите ЕКО Магацини, кои се лоцирани на следниве места:
- Општина Македонски Брод: ЈП Комунална Хигиена на ул. Партизанска бб – Македонски Брод,
- Општина Струга: Црвен Крст на ул. Ристо Крле бб и ООУ „Јосип Броз Тито“ на ул. Димче Ковачевски бр. 64 и
- Општина Дебар: ЈКП Стандард на ул. Скопска бб – Дебар.
Од страна на овласетните лица, ќе добиете соодвете број на купони, кои потоа ќе бидат предмет на извлекување на среќните 7 добитници на вредни награди.
Времето и местото на извлекување на добитниците од овие Општини ќе биде:
- Општина Македонски Брод, во 10:00 часот, во просториите на Општинската зграда на адреса ул. 7ми Септември бр. 4 – Македонски Брод,
- Општина Струга, во 12:30 часот, во салата за состаноци на советот на Општина Струга, на адреса ул. Владо Малески бб – Струга и
- Општина Дебар, во 15:00 часот, во Општинската зграда на адреса ул. 8ми Септември бр. 72 – Дебар.
Учествувајте и очекувајте една од вредните награди кои ги подготвивме за вас, Ве очекуваме.
Поврзани објави
Елколект – 10 години одговорен однос кон природата
Неготино со нов чекор кон културна и еколошка одговорност Во соработка со Елколект, ЈКП Комуналец Неготино и Општина Неготино,...