На ден 13.03.2018 год. Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпад, организираше конференција на тема „Европските искуства за улогата на компаниите кои управуваат со посебните текови на отпадот – сега и во иднина“. Конференцијата се одржа во просториите на Стопанката Комора на Македонија, а учество земаа: Претседателот на Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад, г. Филип Ивановски кој ја отвори конференцијата. Со поздравен говор нè почестија проф. д-р Зоран Шапуриќ, министер без ресор во Владата на РМ задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, г. Јани Макрадули – заменик министер за животна средина, г. Висар Ганиу – подпретседател на ЗЕЛС и г-ѓа Нелепа Дамеска – претседател на MASWA.
На конференцијата на тема „Европските искуства за улогата на компаниите кои управуваат со посебните текови на отпадот – сега и во иднина“, свое излагање имаа: г-ѓа Билјана Н. Миланоска – претставник од компанијата АМЦ Компјутери, м-р Ана Каранфилова Мазневска – раководител на сектор отпад при Министерството за животна средина, г. Урсула Денисон – генерален директор на Pro Europe Duales System Deutschland GmbH & Pro Europe, г. Петар Сикур – оперативен директор на ЕКОКОМ, г. Тодор Боургоуџиев – генерален директор на ЕКОПАК, г-ѓа Моника Роменска – менаџер за регулатива и односи со јавноста при EXPA – EkstendedProduser Responsibility Alliance и г. Владо Момировски – претседател на Асоцијацијата на секундарни суровини.
Г-ѓа Фана Христовска – заменик претседател на Асоцијацијата за посебни тековина отпад, како и управител на Колективниот постапувач за електричен и електронски отпад и отпад од батерии и акумулатори ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, имаше свое излагање на тема: „Резултати и предизвици на постојните компании за управување со посебните текови на отпад“. Во своето излагање ги претстави обврските, функционирањето, резултатите и предизвиците со кои се соочуваат колективните постапувачи при својата работа како и предлозите за подобрување на работата на истите . На наше големо задоволство, со присуство не почестија голем број на претставници од Управата за животна средина, Царината, Општините, Јавните Комунални Претпријатија, државниот инспекторат за животна средина, но и од Приватниот Сектор. По завршување на сите присутни излагачи, се разви конструктивна дискусија која би требало да вроди со плод.



