Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, ги извлече среќните добитници во Општина Струмица

Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, ги извлече среќните добитници во Општина Струмица

Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, ги награди совесните граѓани за правилното постапување со Електричниот и Електронски Отпад во Општина Струмица, каде беа извлечени 5 наградни купони за учесниците, кои во текот на наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ” оставаа Електричен и Електронски Отпад во Еко магацинот на ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје.

Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје во соработка со Општина Струмица, во периодот од 02.10 до 29.11.2017 година, го реализираше четвртиот циклус од наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме”. Извлекувањето на наградите за учесниците од оваа Општина се одржа на 29.11.2017 год. кога станаа познати среќните добитници на наградите кои ги обезбеди ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, со цел да се награди совесноста на граѓаните за правилно постапување со Електричниот и Електронски Отпад. Извлекувањето на наградените купони, беше организирано во просториите на Општината Струмица, а под надзор на тричлена комисија составена од два члена од Општината и еден член од ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје:

НАГРАДЕНИ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА:

 НАГРАДАСЕРИСКИ БРОЈ
1Тостер Хјундај SM 626017103
2DVD PIONEER017055
3Мобилен телефон LTE – G Class017099
4Фотоапарат SONY DSC – W800B017065
5LED TV HYUNDAI017067

Наградите може да се подигнат од просториите на Општина Струмица, ул. Сандо Масев бр.1.

ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, им честита на среќните добитници од Општина Струмица и ги поканува да продолжат да го селектираат и остaваат е-отпадот во екомагацините на ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје.

Поврзани објави