Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, ги награди совесните граѓани за правилното постапување со електричниот и електронски отпад во Општина Охрид

Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, ги награди совесните граѓани за правилното постапување со електричниот и електронски отпад во Општина Охрид

Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, ги награди совесните граѓани за правилното постапување со електричниот и електронски отпад во Општина Охрид, каде беа извлечени 5 наградни купони за учесниците, кои во текот на наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ” оставаа електричен и електронски отпад во Еко магацините на ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје. Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје во соработка со Општината Охрид и ЈПК „Охридски Комуналец“ – Охрид во периодот од 04.09 до 31.10.2017 година, го реализираше третиот циклус од наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме”. Извлекувањето на наградите за учесниците од оваа Општина се одржа на 31.10.2017 год. кога станаа познати среќните добитници на наградите кои ги обезбеди ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, со цел да се награди совесноста на граѓаните за правилно постапување со електричниот и електронски отпад. Извелкувањето на наградените купони, беше организирано во просториите на ЈПК „Охридски Комуналец“, а под надзор на тричлена комисија составена од два члена од Општината и еден член од ЕЛКОЛЕКТ:

Добитни купони се:

 НАГРАДАСЕРИСКИ БРОЈ
1Тостер Хјундај SM 626004503
2Pionir DVD004501
3Телефон LTE – G Class003225
4Фотоапарат Sony DSC – W800B004507
5LED TV003240

Наградите може да се подигнат во просториите на Општина Охрид.

ЕЛКОЛЕКТ доо – Скопје, им честита на среќните добитници од Општина Охрид и ги поканува да продолжат да го селектираат и оставаат е-отпадот во екомагацините на ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје.

Поврзани објави