You are currently viewing Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, ги извлече среќните добитници во Општина Ново Село

Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, ги извлече среќните добитници во Општина Ново Село

Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, ги награди совесните граѓани за правилното постапување со Електричниот и Електронски Отпад во Општина Ново Село, каде беа извлечени 5 наградни купони за учесниците, кои во текот на наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ” оставаа Електричен и Електронски Отпад во Еко магацинот на ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје.

Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје во соработка со Општина Ново Село, во периодот од 02.10 до 29.11.2017 година, го реализираше четвртиот циклус од наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме”. Извлекувањето на наградите за учесниците од оваа Општина се одржа на 29.11.2017 год. кога станаа познати среќните добитници на наградите кои ги обезбеди ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, со цел да се награди совесноста на граѓаните за правилно постапување со Електричниот и Електронски Отпад. Извелкувањето на наградените купони, беше организирано во просториите на Општината Ново Село, а под надзор на тричлена комисија составена од два члена од Општината и еден член од ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје:


НАГРАДЕНИ ВО ОПШТИНА НОВО СЕЛО:

 

 НаградаСериски број
1Тостер Хјундај SM 626016009
2DVD PIONEER016019
3Мобилен телефон LTE – G Class016080
4Фотоапарат SONY DSC – W800B016091
5LED TV HYUNDAI016106

 

Наградите може да се подигнат од просториите на Општина Ново Село, ул. Мануш Турновски бр. 14а.

ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, им честита на среќните добитници од Општина Ново Село и ги поканува да продолжат да го селектираат и остaваат е-отпадот во екомагацините на ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје.