На 30 Ноември годинава успешно заврши и последниот четврт циклус од акцијата за собирање електричен и електронски отпад проследена со награда игра насловена како “ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“ . Изминатите два месеци акцијата се одвиваше на теритпорија на Општините Петровец, Илинден и Бутел. Во месеците Октомври и Ноември граѓаните од овие општини имаа можност во нашите еко магацини кои се поставени на териториите на овие Општини да ги одложат своите дотраени и нефункционални електрични и електронски апарати.Поделени беа голем број купони што укажува на тоа дека беше покажан голем интерес од граѓаните за акцијата со што ја изразија својата свест за заштита на животната средина во своите општини.
Најсреќните граѓани, по седум од секоја од трите општини чии наградни купони беа извлечени беа наградени со пригодни награди – производи од ИТ технологија и електрични апарати.
Во продолжение се броевите на купоните кои беа извлечени одделно за секоја општина, како и дел од атмосферата при извлекувањето, како и дел од Електричниот и електронскиот отпад кој граѓаните го донесоа во нашите еко магацини.
Општина Петровец
Награда | Сериски број | |
---|---|---|
1 | Блендер | 017825 |
2 | Пегла | 017841 |
3 | Миксер | 017865 |
4 | Ел. Брусилка | 017833 |
5 | Ел. Дупчалка | 017858 |
5 | Правосмукалка | 017857 |
5 | Ласерски печатар | 017844 |
Општина Илинден
Награда | Сериски број | |
---|---|---|
1 | Блендер | 017885 |
2 | Пегла | 017884 |
3 | Миксер | 001929 |
4 | Ел. Брусилка | 001942 |
5 | Ел. Дупчалка | 017998 |
5 | Правосмукалка | 001936 |
5 | Ласерски печатар | 017907 |
Општина Бутел
Награда | Сериски број | |
---|---|---|
1 | Блендер | 004837 |
2 | Пегла | 004951 |
3 | Миксер | 004947 |
4 | Ел. Брусилка | 004838 |
5 | Ел. Дупчалка | 004950 |
5 | Правосмукалка | 004877 |
5 | Ласерски печатар | 004989 |




