14 ОКТОМВРИ 2024 – Меѓународен ден на Е-отпад Одбележувањето на овогодинешниот Меѓународен ден на Е-отпад ќе биде насочено кон...
Елколкет со голема еко акција за собирање на отпадни батерии во 25 основни училишта низ Република Македонија
Суперхероите од нашите училишта со поддршка на Елколект ќе ја чистат животната средина од отпадните батерии.
Од оваа пролет, заклучно со месец ноември, компанијата Елколект започна голема еко акција за собирање на отпадни батерии во 25 основни училишта низ 11 општини во Република Македонија. Општините кои се опфатени со оваа еко акција се: Битола, Куманово, Охрид, Гази Баба, Струмица, Босилово, Крива Паланка, Ранковце, Василево, Дебрца , и Ново Село.
Во соработка со училиштата, компанијата Елколект подготви едукативно – информативен материјал и наменски еко кутии кои се веќе поставени на видливи места во училишните згради. Во еко кутиите учениците ќе ги оставаат отпадните батерии кои се создаваат во нивните домаќинства и на тој начин ќе спречат протекување на опасните супстанции како цинк, литиум, олово, кадмиум и жива што се содржат во батериите да ги загадат почвата, подземните или површинските води.
Компанијата Елколект како лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, континуирано презема конкретни чекори за подигање на јавната свест првично кај децата за неопходноста од примарна селекција на отпадните батерии и нивно немешање со останатите видови отпад.
Целта на Елколект при спроведување на оваа голема еко акција е да го поттикне создавањето на добри навики кај децата уште во раната возраст и да го намали количеството на отпадни батерии кои ќе завршат во животната средина.
Поврзани објави
Дополнување и обновување на веќе постоечката инфраструктура со нов собирен центар за е-отпад за граѓаните од Општина Демир Капија....
Компанијата Синпекс од Битола како општествено одговорна компанија и членка на Елколект, овозможи поставување собирен центар во кругот на...