ЕЛКОЛЕКТ

Друштво за управување со отпад ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје е непрофитна организација која согласно Решение бр. УП1-11/2-1691/2019 од 12.04.2022 издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање е лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема.

Примарна дејност на ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје е управување со отпад која ја остварува преку спроведување на проширената одговорност на производителите-членки на Друштвото. Наша основна цел е воспоставување на функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема во соработка со производителите, трговците, општините и рециклаторите заради обезбедување на максимална количина на собирање, преработка и рециклирање на е-отпад и исполнување на националните цели за собирање, повторна употреба и рециклирање на е-отпадот на начин кој нема да создава дополнителен терет на животната средина и животот и здравјето на населението на Република Северна Македонија.

Наши основачи

Надзорен одбор:

Маргарета Гњатовиќ

Претседател

Билјана Стевковски

Член

Спасе Узунов

Член

ЕЛКОЛЕКТ е отворен за соработка и преземање на обврските на сите производители на електрична и електронска опрема регистрирани согласно Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема („Сл. Весник на РСМ“ бр. 176/21).