„Овој традиционален конкурс Градот Скопје го распиша на 21 март годинава и пријавувањто траеше до 16 мај оваа година во рамките на манифестацијата „Денови на пролетта – Денови на екологијата“. Ми претставува задоволство, што оваа година, пристигнаа многу пријави од заинтересирани граѓани, невладини организации, јавни установи, претпријатија и други правни и физички лица. Целта на овој јавен конкурс е да се стимулираат и поттикнат граѓаните да се грижат за животната средина и природата“ –истакна градоначалниот на Град Скопје Коце Трајановски.
Наградата за најголем придонес во заштита на животната средина, оваа година и беше врачена на Фана Христовска – управител на Елколект. „Ова е исклучително важно признание и уште поголем поттик, компанијата Елколект, низ континуирана работа, да продолжи со едукација и јакнење на свеста кај граѓаните за потребата од селектирање на електронскиот и електричен отпад. Наградата за компанија со најголем придонес во животната средина, ќе биде донирана на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле, во Скопје“ –истакна Фана Христовска – управител на Елколект.
Како колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема компанијата Елколект, своето знаење и вештини ги насочува кон воспоставување функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори на начин кој нема да создава дополнителен товар на животната средина и животот и здравјето на граѓаните на Република Македонија.


