ЕЛКОЛЕКТ И ОПШТИНА КАРПОШ СО РЕЗУЛТАТИ НАД ОЧЕКУВАНИТЕ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”

ЕЛКОЛЕКТ И ОПШТИНА КАРПОШ СО РЕЗУЛТАТИ НАД ОЧЕКУВАНИТЕ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”

Се доделија наградите на тројцата нaјсреќни жители на општина Карпош, чии наградни купони беа извлечени на 26ти декември. Карпошани масовно учествуваа  во наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”, во организација на Елколект, која се одвиваше неполн месец во општина Карпош, едновремено со акците во Гевгелија, Берово, Богданци и Ѓорче Петров.

Фана Христовска – управител на Елколект изјави дека е задоволна од резултатот на наградната игра и од соработката со општините, посочувајќи дека ваков вид на акции е од искучителна важност за едукација и јакнење на свеста кај граѓаните за потребата од селектирање на отпад со акцент на посебниот третман кон селекцијата на електронскиот и електричен отпад. Таа се заблагодари на граѓаните на петте општини кои земаа учество во наградната игра бидејќи тие директно придонесоа да се намали штетното влијание врз животната средина и здравјето  на луѓето од овој тип на отпад.

Преставниците на општината изјавија дека ефикасноста на оваа акција е од огромно значење,  имајќи предвид дека електричниот и електронскиот отпад во себе има опасни материјали штетни по здравјето на човекот и непосредното животно опкружување. Соработката со компанијата Елколект претставува вистинско задоволство. Општина Карпош заедно со компанијата Елколект ќе подолжи со соработката која е во насока на зачувување на животната средина и здравејто на нашите сограѓани.

Извлекувањето се одвиваше во Кинотека на Република Македонија во општина Карпош пред многубројна публика а под надзор на тричлена комисија составена од два члена од општината и по еден член од Елколект.

Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект  сака да се заблагодари на граѓаните кои својот електричен и електронски отпад го оставаат на  пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите на отстранување на овој вид отпад од своите домашни или деловни простории, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје.

Со реализирањето на доделувањето на наградите, само неколку денови по извлекувањето на наградните купони, во овој празничен период, Елколект внесе дополнителна радост кај извлечените добитници и нивните семејства.

 

ОПШТИНА КАРПОШ         

ВИД НАГРАДА

ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ

ИМЕ НА ДОБИТНИК

ПРАВОСМУКАЛКА

002782

Валентина Лисичкова

ТЕЛЕВИЗОР

002797

Оливера Кофрц

ЛАПТОП

004194

Гургица Поповска Јовановска

Поврзани објави