14 ОКТОМВРИ 2024 – Меѓународен ден на Е-отпад Одбележувањето на овогодинешниот Меѓународен ден на Е-отпад ќе биде насочено кон...
ЕЛКОЛЕКТ И ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА СО РЕЗУЛТАТИ НАД ОЧЕКУВАНИТЕ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”
Се доделија наградите на тројцата нaјсреќни жители на општина Гевгелија, чии наградни купони беа извлечени на 26ти декември. Гевгеличани масовно учествуваа во наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”, во организација на Елколект, која се одвиваше неполн месец во општина Гевгелија, едновремено со акците во Богданци, Берово, Карпош и Ѓорче Петров.
„Соработката со Елколект е на највискоко ниво, сигурни сме дека со оваа акција не само што граѓаните се ослободуваат од електричен и електронски отпад, тие и се едуцираат за тоа како да ја зачуваме нашата еко средина. Среќни сме што нашите совесни и еколошки свесни граѓани се наградени за својот придонес кон почисто општество“ – изјави еден од преставниците на општината
Извлекувањето се одвиваше во просториите на Народниот театар на општина Гевгелија пред многубрјна публика и под надзор на тричлена комисија составена од два члена од општината и по еден член од Елколект.
Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект сака да се заблагодари на граѓаните кои својот електричен и електронски отпад го оставаат на пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите на отстранување на овој вид отпад од своите домашни или деловни простории, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје.
Со реализирањето на доделувањето на наградите, само неколку денови по извлекувањето на наградните купони, во овој празничен период, Елколект внесе дополнителна радост кај извлечените добитници и нивните семејства.
ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
ВИД НАГРАДА | ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ | ИМЕ НА ДОБИТНИК |
ПРАВОСМУКАЛКА | 008068 | Зоран Ристов |
ТЕЛЕВИЗОР | 007825 | Ангел Паласкаров |
ЛАП ТОП | 008078 | Тодор Велков |
Поврзани објави
Дополнување и обновување на веќе постоечката инфраструктура со нов собирен центар за е-отпад за граѓаните од Општина Демир Капија....
Компанијата Синпекс од Битола како општествено одговорна компанија и членка на Елколект, овозможи поставување собирен центар во кругот на...