Се доделија наградите на тројцата нaјсреќни жители на општина Богданци, чии наградни купони беа извлечени на 26ти декември. Богданчани масовно учествуваа во наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”, во организација на Елколект, која се одвиваше неполн месец во општина Богданци, едновремено со акците во Гевгелија, Берово, Карпош и Ѓорче Петров.
Здравко Зинзиров маркетинг менаџер на Елколект, на денот на извлекување, како и на денот на доделување ја истакна големата ангажираност на општинските работници како и на совесните жителите на општина Богданци, потенцирајќи дека станува збор за една од најдобро организираните општини и постигнатите резулати се над очекуваните.
Големиот интерес од граѓаните и конструктивна соработка со општинскот тим со поддршка од градоначалникот, дадоа извонредни резултати со кои се потврди успехот на оваа еко акција, но се отвори и простор за уште поголема соработка во прилог нз здравјето на граѓаните и зачувувањето на чистата животна средина во општина Богданци.
Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект сака да се заблагодари на граѓаните кои својот електричен и електронски отпад го оставаат на пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите на отстранување на овој вид отпад од своите домашни или деловни простории, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје.
Со реализирањето на доделувањето на наградите, само неколку денови по извлекувањето на наградните купони, во овој празничен период, Елколект внесе дополнителна радост кај извлечените добитници и нивните семејства.
ОПШТИНА БОГДАНЦИ
ВИД НАГРАДА | ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ | ИМЕ НА ДОБИТНИК |
ПРАВОСМУКАЛКА | 010704 | Блажо Маџиров |
ТЕЛЕВИЗОР | 009025 | Мите Стамков |
ЛАП ТОП | 010715 | Надица Маџирова |


