14 ОКТОМВРИ 2024 – Меѓународен ден на Е-отпад Одбележувањето на овогодинешниот Меѓународен ден на Е-отпад ќе биде насочено кон...
ЕЛКОЛЕКТ ЗАПОЧНУВА СО НОВ ЦИКЛУС ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”
ЕЛКОЛЕКТ ЗАПОЧНУВА СО НОВ ЦИКЛУС ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ” – По минатогодишната еко акција успешно реализирана во Општините: Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци под мотото ”Да рециклираме и да се наградуваме”, која резултираше со создравање на добри навики кај жителите на наведените општини, Елколект одлучи да ги продолжи своите активности и оваа година во иста насока. – Елколект ДОО на жителите на Општините: Гази Баба, Куманово, Крива Паланка и Ранковце во периодот од 2-ри Мај до 28-ми Jуни, ќе им овозможи да учествуваат во акција за ослободување од своите отпадни електрични и електронски апарати и истовремено да станат потенцијални добитници на една од петте вредни награди (ЛЕД телевизор, фотоапарат, смарт телефон, ДВД или тостер). – На жителите на Гази Баба, Куманово, Крива Паланка и Ранковце отпадните електрични и електронски апарати може да им донесат вредни награди – Секој полнолетен граѓанин кој ќе достави отпаден електричен или електронски апарат во еден од еко магацините на Елколект лоцирани на територија на гореспоменатите општини станува потенцијален добитник на вредна наградна. Со зголемување на бројот на донесени отпадни апарати се зголемува и можноста за добивање награда.
Компанијата Елколект во соработка со општините на територија на Република Македонија, каде се поставени препознатливите црвени еко магицини на Елколект, веќе има воспоставено пракса за наградување на совесните граѓани кои одговорно се однесуваат со ослободувањето од електричниот и електронски отпад, а во прилог на зачувување на животната околина и здравјето на луѓето. Новата наградна игра која Елколект ја организира под веќе препознатливото мото „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”, во соработка со четири општини на територија на Република Македонија ќе се одвива во период од 02-Мај до 28-ми Јуни 2017та. За наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ” Елколект обезбеди вкупен награден фонд од 20 вредни награди од кои: четири ЛЕД ТВ , четири фотоапарати Sony DSC W800B, четири Gigabyte смарт телефони G Class – LTE, Dual Sim, 5.00″ HD IPS(1Z80*720 pix), четири Пионир ДВД 2242 и четири тостери Хјундаи SM626 (по пет награди за во секоја од четирите наведени општини). Потенцијален добитник на една од овие пет вредни награди е секој полнолетен граѓанин кој за времетраење на наградната игра, ќе достави електричен или електронски отпад, на локацијата каде се поставени еко магацините на Елколект ДОО на територија на наведените Општини. За секој отпаден електричен и електронски апарат доставен до еден од еко магаците на Елколект на една од наведените локации ќе добие награден купон за учество во наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ”. Купонот во кој е впишан реден број и содржи печат од организаторот е составен од два идентични дела. Едниот дел на купонот го задржува учесникот како доказ за учество во наградата игра, а другиот дел од купонот треба да гостави во запечатена кутија од која ќе се врши извлекувањето на среќните добитници. Важно е да се напомене дека одредени видови отпадни електрични и електронски апарти носат и по два купона: големи домашни апарати; опрема за информатичка технологија и телекомуникација; опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, ТВ, електричен и електронски алат и електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт. Започнувајќи од оваа акција за доставени пет отпадни сијалици се добива еден награден купон. За секој поединечен оставен апарат, учесникот во наградната игра добива по еден купон. Со донесување на поголем број апарати се добива и соодветен број купони, при што се зголемува шансата за награда. Одредени видови опрема и апарти носат и по два купона: големи домашни апарати; опрема за информатичка технологија и телекомуникација; опрема за широка потрошувачка и забавна електроника, електричен и електронски алат. Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страната на Елколект ДОО www.elkolekt.mk и на веб страната на Вашата општина Локации на еко магацините на Елколект во општините каде ќе се одвива наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ” 1. Во општина Гази Баба – ул. Лазар Поп Трајков бр. 26 – Автокоманда и ул. 6 – с. Стајковци (во непосредна близина на ОУ. „Кирил и Методиј“) 2. Општина Куманово – ОУ „Х.Т. Kарпош“, ОУ „Кочо Рацин“, ОУ „Браќа Миладиновци“, Jeronim deRada – Cerkezi 3. Општина Крива Паланка – Пoкpaj кејскиот sид на Крива река, кај автобуската станица 4. Општина Ранковце: TППE Ранковце — пожарно одделение Со помош на Елколект ДОО сите граѓани кои имаат отпадни електрични и електронски апарати како: компјутери, монитори, процесори, електрични шпорети, печки, пегли, миксери, соковници и сл., и истите ќе ги донесат на одредените локации во периодот на времетраење на оваа акција во нивната општина, покрај тоа што ќе имаат можност да се ослободат од електричниот и електронскиот отпад од своите домови добиваат можност да станат и потенцијални добитници на една од петте вредни награди. Компанијата Елколект ДОО во соработка со општините: Гази Баба, Куманово, Крива Паланка и Ранковце ја спроведува оваа акција со наградување на совесните граѓани со цел подигање на јавната свест за начинот на кој треба да се складира овој вид на отпад, имајќи предвид дека електричниот и електронскиот отпад во себе има опасни материјали штетни по здравјето на човекот и непосредното животно опкружување, како и од причина што е забрането и казниво е да се фрла овој тип на отпад заедно со останатиот комунален отпад. Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект ДОО сака да се заблагодари на граѓаните кои својот опасен отпад го оставаат на пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите на отстранување на опасниот отпад од своите домашни или деловни простории, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје. Во текот на оваа година, Елколект планира реализација на нови акции и наградни игри во другите општини со кои соработува на планот на конкретни решенија за ослободување од електричниот и електронски отпад и подигање на јавната свест кај граѓаните за потребата од правилен третман на овој вид отпад.
Поврзани објави
Дополнување и обновување на веќе постоечката инфраструктура со нов собирен центар за е-отпад за граѓаните од Општина Демир Капија....
Компанијата Синпекс од Битола како општествено одговорна компанија и членка на Елколект, овозможи поставување собирен центар во кругот на...