Елколект го одбележува Светскиот ден на животната средина

Елколект го одбележува Светскиот ден на животната средина

Во чест на Светскиот ден на животната средина, 05 јуни 2024 година, Општина Центар се приклучи на глобалната акција за заштита на почвата.

Оваа иницијатива, реализирана во соработка со Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени и Елколект, ги вклучи младите во едукативни и креативни активности.

Во текот на  работилницата, учениците се запознаа со значењето на почвата, заштитата на природата, негувањето на биодиверзитетот и правилното рециклирање. Особено значајно беше учеството на учениците од ООУ „11 Октомври“, кои засадија семиња од цвеќе во саксии и ќе продолжат да ги негуваат, директно учејќи за важноста на почвата и процесот на садење.

Еколошката свест, одговорноста за животната средина и грижата за околината се клучни аспекти на образовниот процес и нашата иднина. Елколект со гордост продолжува да поддржува активности кои го поттикнуваат младите да бидат активни чувари на нашата планета.

По тој повод, Елколект доби сертификат за своите напори во промовирање на еколошката свест и заштитата на животната средина.

Поврзани објави