ЕЛКОЛЕКТ e добитник на награда и признание за придонес во развој на претприемништвото во средна и југоисточна Европа “Stvarateljizastoljeca”.
Целта на Проектот “Stvarateljizastoljeca” е промоција и наградување на најзаслужните поединци и компании за развој на претприемништвото на подрачјето на средна и југоисточна Европа.
Во конкуренција на 411 кандидатиод 6 земји(Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Македонија и Црна Гора), Меѓународниот комитет избра и награди 56 најзаслужни компании и поединци за развој на претприемништвото.
Свеченоста по повод доделувањето на наградите се одржа во Дубровник, Република Хрватска во периодот од 22-24.03.2019 година во присуство на претставници од Република Хрватска, владини претставници од Македонија, претставници на допломатскиот кор, успешни претприемници од земјите од кои се лауреатите, медиуми и здруженија на граѓани.





