• Ние креираме можности,
    дајте му шанса на е-отпадот!

    Ги превземаме обврските на производителите-членки за спроведување на проширената одговорност и сме посветени на заштита на животната средина и животот и здравјето на луѓето.

  • Ние креираме можности,
    дајте му шанса на е-отпадот!

  • ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД ВАШИОТ Е-ОТПАД

    Законскa обврскa

    Производител е лице коe врши дејности или активности со кои за првпат пушта електрична и електронска опрема на пазарот во Република Северна Македонија или увезува како краен корисник опрема, со чија употреба се создаваат отпадни производи.

    Трговец е секое правно или физичко лице кое во синџирот на снабдување ја прави опремата достапна на пазарот. Трговец, може во исто време да биде и производител.

    Краен корисник е физичко или правно лице кое заради сопствени потреби, а не за продажба, се стекнува со опрема од која по искористувањето настанува отпадна опрема.

    Општина е единица на локална самоуправа, како заедница на жителите на одредено подрачје, утврдено со закон, која преку своите органи и преку администрацијата и организираните јавни служби, овозможува вршење на надлежностите пропишани со закон.

    Придобивки од зачлеување во ЕЛКОЛЕКТ

    Ги обезбедувме информациите неопходни за регистрација во Министерството за животна средина и просторно планирање и помагаме при пополнување на формуларите за регистрација;
    Во ваше име Оорганизираме активности за подигнување на јавната свест за постапување со отпадна електрична и електроснка опрема;
    Воспоставуваме систем од собирни места на територијата на целата држава со цел собирање на максимални количини отпаедна опрема и се грижиме истата да заврши на соодветно место
    Ви обезбедуваме информации и совети и за други области на животната средина
    Бесплатно добивате инфраструктура за воспоставување на собирни места во вашите простории;
    Ги превземаме вашите обврски за проширена одговорност во насока на исполнување на националните цели за собирање, преработка и реупотреба на отпадна електрична и електронска опрема
    Во ваше име обезбедуваме информации за крајните корисници за местата за примарна селекција на отпадната електрична и електронска опрема;
    Ви организираме бесплатно преземање на отпадната електрична и електронска опрема која се создава при вашето работење или опремата која треба сметководствено да ја отпишете;
    Во ваше име Ообезбедуваме информации за крајните корисници за местата за примарна селекција на отпадната електрична и електронска опрема;
    Ви помагаме при изготвување на извештаите за евиденција;

    Станете член на ЕЛКОЛЕКТ​

    Доколку Вашата компанија  годишно пушта на пазар во Република Северна Македонија или како краен корисник увезува опрема без посредник над 100 кг од категориите 1 (опрема за температурна размена), 2 (екрани и монитори и опрема која содржи екрани со површина поголема од 100 cm2) и 4 (голема опрема) или над 50 кг од категориите 3 (светилки), 5 (мала опрема) и 6 (мала информатичко телекомуникациска опрема) станете наш член и искористете ги придобивките кои ги нудиме.

    СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЕЛКОЛКЕТ

    собирање

    Во системот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема на ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје вклучени се

    0
    ОПШТИНИ
    0
    ТРАНСПОРТЕРИ
    0
    РЕЦИКЛАТОРИ

    ШТО СЕ СЛУЧУВА СО СОБРАНАТА ОТПАДНА ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА?

    Воглавно, собраната отпадна електрична и електронска опрема по сортирањето согласно Листата на видови отпад (Сл. Весник на РМ бр. 100/05) се подложува само на третман што подразбира ,расклопување на истата и потоа се предава на лиценцирани рециклатори. Дел од опремата која содржи опасни хемикалии (пр. фрижидериклима уреди, светилки) и за која не постојат лиценцирани компании во земјата, како целосен уред/производ се изнесува надвор од државата и предава на лиценцирани постапувачи. Во моментот само мал дел од отпадната опрема се враќа како суровина назад во процесот на производство во нашата земја.

    ЧЛЕНКИ