Батериите наоѓаат голема примена во секојдневната употреба на човекот. Тие се насекаде околу нас. Се користат во далечинските управувачи, мобилните телефони, детските играчки, часовниците и каде уште не. Повеќето од овие батерии завршуваат во корпа за отпадоци, а потоа на депониите. Батериите содржат опасни супстанции како цинк, литиум, олово, кадмиум па дури и жива.
Батериите кои завршиле на депониите, по извесен период можат да се излеат и да предизвикаат загадување на почвата и водата. Ова загадување е штетно за животните, човекот и целата животната средина.
Со сместување на батериите во корпа за рециклирање, превземаме правилен чекор во заштитата на животната средина.