Видови на батерии
Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори ги разликува следните категории на отпадни батерии и акумулатори:
- "Преносни батерија или акумулатор“ е секоја батерија, батерија во форма на копче,батериско пакување или акумулатор кои:
- а) се запечатени;
- б) можат да се носат во рака и
-
в) не се индустриски батерии, ниту индустриски акумулатори ниту пак, автомобилски батерии или акумулатори;
- „Батерија во форма на копче“ е секоја мала кружна преносна батерија или акумулатор, чиј пречник е поголем од нејзината висина и која се користи за посебни намени како, на пример, за апарати за слушање, часовници, мала пренослива опрема и за резервна енергија;
- „Автомобилска батерија или акумулатор“ е секоја батерија или акумулатор која се користи како уред за стартување и осветлување на автомобилот;
- „Индустриска батерија или индустриски акумулатор“е секоја батерија или акумулатор исклучително наменет за индустриско или за професионално користење, или се користи во кој било вид електрично возило;
- „Отпадна батерија или акумулатор“ е секоја батерија или акумулатор кои се опфатени и се сметаат за отпад со дефиницијата за отпад согласно со Законот за управување со отпад.