ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ

Производител


“Производител” е правно или физичко лице кое без оглед на употребениот начинот на продажба, вклучувајќи ја и продажбата по пат на далечинска комуникација во согласност со прописите со кои се уредува заштита на потрошувачите:

  • произведува и продава опрема под своја трговска марка,
  • препродава под своја трговска марка, опрема произведена од страна на друг производител, со тоа што препродавачот не се смета за производител ако марката на изворниот производителот е наведена на опремата, како што е предвидено во алинејата 1 на оваа точка или
  • поради вршење на својата дејност увезува опрема заради пуштање на пазар во Република Македонија или извезува опрема надвор од неа.

За производител нема да се смета лице кое обезбедува само финансиска поддршка според или во согласност со каква било финансиска спогодба и кое не дејствува и како производител. Ако опремата не е произведена во Република Македонија, а се пушта на пазар, тогаш за производител ќе се смета неговиот застапник во Република Македонија.

Како производител ќе се смета и правно или физичко лице кое како краен корисник заради свои потреби увезол опрема без посредник.


Законски обврски на Производител


  • Производителите кои за прв пат пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници во Република Македонија опрема, се должни да се регистрираат за тоа во органот на државната управа надлежен за вршење на стручните работи од областа на животната средина.
  • Регистрацијата се врши со доставување на барање за регистрација, од страна на производителот, до стручниот орган.
  • Производителот е должен на барање на крајниот корисник бесплатно да ја преземе отпадната опрема која не е отпадна опрема од домаќинствата и за неа да обезбеди натамошно постапување, доколку опремата ја има испорачано на крајниот корисник.
  • Производителот на опрема е должен, на свој трошок, самостојно или преку колективниот постапувач, да обезбеди преземање, одделно собирање, привремено складирање, транспорт, третман, преработка, повторна употреба и/или рециклирање и отстранување на остатоците од преработката на отпадната опрема.
  • Производителот, кој истовремено е и краен корисник, е должен на свој трошок да ги исполни обврските за опрема која ја произвел или увезол во Република Македонија (обврските не се применуваат за опрема која се извезува, и не се однесуваат на малите производители).
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани