ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ

Краен Корисник


“Краен корисник” е потрошувач кој поради крајна употреба или користење на друг производ, користи опрема и на тој начин, по нивното истрошување, создава отпадна опрема. Како краен корисник ќе се смета поседувачот или трговецот кој заради свои потреби увезол опрема без посредник.


Законски обврски на Краен Корисник


  • Крајниот корисник е должен отпадната опрема од домаќинствата да ја собира, чува и да ја предаде на трговецот или на овластениот собирач, како издвоено собрана фракција на комунален отпад во собирен центар или во место за преземање чија работа ја обезбедува производителот.
  • Крајниот корисник е должен отпадната опрема која не е отпадна опрема од домаќинствата да ја предаде на производителот или на правно или физичко лице кое има дозвола за постапување со отпад, согласно со прописите за управување со отпадот.
  • Доколку отпадната опрема содржи супстанции и материјали кои треба пред расклопувањето на отпадната опрема да се издвојат, крајниот корисник е должен да обезбеди отпадната опрема да биде во таква состојба издвојувањето на тие супстанции и материјали да може да се спроведе во согласност со посебните прописи со кои се уредува постапувањето со тие супстанции и материјали.
  • Доколку отпадната опрема од домаќинствата е толку оштетена што, поради опасните супстанции содржани во неа, ја загрозува животната средина и здравјето на луѓето или е без значајни составни делови, или е загадена со друг вид отпад, крајниот корисник е должен да ја предаде во собирен центар, како издвоена фракција на комунален отпад.
  • Крајниот корисник е должен отпадната опрема од домаќинствата да ја собира, чува и да ја предаде на трговецот или на овластениот собирач, како издвоено собрана фракција на комунален отпад во собирен центар или во место за преземање чија работа ја обезбедува производителот.
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани