НАСТАНИ

Прв едукативен настан во рамките на проектот "Е-отпад создава можности", поддржан од Елколект


На 26.11.2015 година, во општинското основно училиште Гоце Делчев-Скопје, општина Центар, се одржа првиот едукативен настан по повод отпочнување на проектните активности во рамките на проектот Е-отпад создава можности, поддржан од ЕЛКОЛЕКТ ДОО.

На настанот присуствуваа ученици од основните училишта: Гоце Делчев, Димитар Миладинов, Јохан Хајнрих – Песталоци, Кирил и Методиј и Кочо Рацин.

На почетокот на настанот поздавен говор одржа Директорот на училиштето Гоце Делчев , г-ѓа Наде Молеровиќ, а потоа едукативна презентација за селектирање и рециклирање на електричниот отпад одржаа претставници од Центар за климатски промени.

Слични активности ќе бидат организирани во сите училишта кои се дел од проектот, а во текот на реализацијата на проектот ќе бидат одржани и неколку едукативни работилници со учениците на различна возраст со цел запознавање со негативните последици од несоодветното постапување со електричниот отпад.

Целта е да се подигне свеста на најмладите генерации за неопходната потреба од соодветно постапување со овој тип на отпад, а за трите училишта кои ќе соберат најголеми количини е-отпад ќе следуваат и вредни награди кои ќе бидат обезбедени преку проектот

За понатмошното постапување со собраниот е-отпад ќе се грижи ЕЛКОЛЕКТ Доо Скопје,лиценциран колективен постапувач, кој воедно е и поддржувач на проектот

Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани