НАСТАНИ

Во Битола се спроведе голема акција "Рециклирај и Рестартирај" за собирање на електричен и електронски отпад, организиран од Елколект и Екоцентар


ЕЛКОЛЕКТ и Екоцентар 97 организираа тридневна акција во Битола - "Рециклирај и Рестартирај" за собирање на електричен и електронски отпад, со цел подигнување на свеста кај граѓаните за постапување со електричен и електронски отпад. Настанот го подржаа компаниите АМЦ, ЈОКИ, Пан Европа, Мотоцентар и Општина Битола.

Акцијата се споведуваше три дена, каде се вршеше БЕСПЛАТНО ПРЕВЗЕМАЊЕ на габаритен е-отпад или количина на отпад од над 50 килограми.

Секој граѓанин кој што донесе стар електричен апарат, беше дел од наградната игра и доби ваучер со попуст кај нашите партнери AМЦ, Moтоцентар, Јоки и Пан Европа - Galerija Electronics Sony!

Извлекувањето и доделувањето на наградите се одржа последниот ден од тридневната акција, на 1ви Ноември.

Програмата беше збогатена со настапот на познатата битолска група "Memphis Mafia" https://www.facebook.com/Memphis-Mafia-824558370957461/?fref=ts

На настанот настапуваа најмладите и навеселите дечиња од Dance Studio "EXPOSE" https://www.facebook.com/dancestudioxpose/?fref=ts

РАЗМИСЛИ ЗА ИДНИНАТА,РЕЦИКЛИРАЈ!

Доколк сте совесен граѓани и се грижите за вашето здравје и вашата околина, ослободете се од вашиот стар еетричен и електронски отпад на правилен начин. За повеќе информации ве молиме контактирајте не на 078 344 903, 075 345 410 или на е-маил: elkolekt@gmail.com

Линк од настанот: https://www.facebook.com/events/474942429357487/

Промотивни материјали


Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани