НАСТАНИ

Елколект ДОО реализираше промотивни активности во Градски Парк, Скопје, преку директна комуникација со граѓаните


На 09.05.2015 паралелно со промоцијата во трговскиот центар Сити Мол Скопје, Елколект ДОО преку дистрибуција на брошурата за ЕЕ опрема и отпад од истата, и директна комуникација со граѓаните, реализираше промотивни активности и во Градскиот Парк во Скопје.

Брошурите се со информативна содржина во врска со актуелната Регулативата за отпад од електрична и електронска опрема, нејзината примена во РМ, како и информации за штетното влијание на овој вид на отпад врз животната средина и здравјето на луѓето. Во нив се содржани и информации за собирни места, каде граѓаните имаат можност да ги предадат своите стари ЕЕ апарати при купување на нови.

Галерија


Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани