НАСТАНИ

Конференција на Асоцијација на Колективни Постапувачи од Македонија


На ден 13.03.2018 год. Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпад, организираше конференција на тема „Европските искуства за улогата на компаниите кои управуваат со посебните текови на отпадот – сега и во иднина“. Конференцијата се одржа во просториите на Стопанката Комора на Македонија, а учество земаа: Претседателот на Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад, г. Филип Ивановски кој ја отвори конференцијата. Со поздравен говор нè почестија проф. д-р Зоран Шапуриќ, министер без ресор во Владата на РМ задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, г. Јани Макрадули – заменик министер за животна средина, г. Висар Ганиу – подпретседател на ЗЕЛС и г-ѓа Нелепа Дамеска – претседател на MASWA.

На конференцијата на тема „Европските искуства за улогата на компаниите кои управуваат со посебните текови на отпадот – сега и во иднина“, свое излагање имаа: г-ѓа Билјана Н. Миланоска - претставник од компанијата АМЦ Компјутери, м-р Ана Каранфилова Мазневска - раководител на сектор отпад при Министерството за животна средина, г. Урсула Денисон – генерален директор на Pro Europe Duales System Deutschland GmbH & Pro Europe, г. Петар Сикур - оперативен директор на ЕКОКОМ, г. Тодор Боургоуџиев - генерален директор на ЕКОПАК, г-ѓа Моника Роменска - менаџер за регулатива и односи со јавноста при EXPA – EkstendedProduser Responsibility Alliance и г. Владо Момировски - претседател на Асоцијацијата на секундарни суровини.

Г-ѓа Фана Христовска - заменик претседател на Асоцијацијата за посебни тековина отпад, како и управител на Колективниот постапувач за електричен и електронски отпад и отпад од батерии и акумулатори ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје, имаше свое излагање на тема: „Резултати и предизвици на постојните компании за управување со посебните текови на отпад“. Во своето излагање ги претстави обврските, функционирањето, резултатите и предизвиците со кои се соочуваат колективните постапувачи при својата работа како и предлозите за подобрување на работата на истите . На наше големо задоволство, со присуство не почестија голем број на претставници од Управата за животна средина, Царината, Општините, Јавните Комунални Претпријатија, државниот инспекторат за животна средина, но и од Приватниот Сектор. По завршување на сите присутни излагачи, се разви конструктивна дискусија која би требало да вроди со плод.

Галерија


Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани