НАСТАНИ

Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје, ги извлече среќните добитници во Општина Ново Село


Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје, ги награди совесните граѓани за правилното постапување со Електричниот и Електронски Отпад во Општина Ново Село, каде беа извлечени 5 наградни купони за учесниците, кои во текот на наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ" оставаа Електричен и Електронски Отпад во Еко магацинот на ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје.

Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје во соработка со Општина Ново Село, во периодот од 02.10 до 29.11.2017 година, го реализираше четвртиот циклус од наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме". Извлекувањето на наградите за учесниците од оваа Општина се одржа на 29.11.2017 год. кога станаа познати среќните добитници на наградите кои ги обезбеди ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје, со цел да се награди совесноста на граѓаните за правилно постапување со Електричниот и Електронски Отпад. Извелкувањето на наградените купони, беше организирано во просториите на Општината Ново Село, а под надзор на тричлена комисија составена од два члена од Општината и еден член од ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје:


НАГРАДЕНИ ВО ОПШТИНА НОВО СЕЛО:

  Награда Сериски број
1 Тостер Хјундај SM 626 016009
2 DVD PIONEER 016019
3 Мобилен телефон LTE - G Class 016080
4 Фотоапарат SONY DSC - W800B 016091
5 LED TV HYUNDAI 016106

Наградите може да се подигнат од просториите на Општина Ново Село, ул. Мануш Турновски бр. 14а.

ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје, им честита на среќните добитници од Општина Ново Село и ги поканува да продолжат да го селектираат и остaваат е-отпадот во екомагацините на ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје.

Галерија


Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани