НАСТАНИ

Елколект ДОО започна со промотивни активности за подигање на јавната свест кај населението, во Сити Мол - Скопје


ЕЛКОЛЕКТ започна со промотивни активности за подигање на јавната свест кај населението во врска со значењето на отпадната електрична и електронска опрема и нејзиниот правилен третман

На 09.05.2015 година во соработка со АМЦ и Пан Европа, во просториите на најголемиот трговски центар во Македонија, Сити Мол – Скопје, преку директна комуникација со граѓаните, беа дистрибуирани бројни информативни брошури.

Брошурите се со информативна содржина во врска со актуелната Регулативата за отпад од електрична и електронска опрема, нејзината примена во РМ, како и информации за штетното влијание на овој вид на отпад врз животната средина и здравјето на луѓето.

Воедно, акцијата имаше за цел да го информира населението дека овие продавници претставуваат и собирни места каде граѓаните имаат можност да ги предадат своите стари ЕЕ апарати при купување на нови. Со ова компаниите како општествено одговорни субјекти, директно учествуваат во заштитата на животната средина.

Паралелно со промоцијата во трговскиот центар Сити Мол Скопје, на 09.05.2015, Елколект ДОО, преку дистрибуција на брошурата за ЕЕ опрема и отпад од истата, и директна комуникација со посетителите, реализираше промотивни активности и во Градскиот Парк во Скопје.

Акцијата за подигање на јавната свест на населението, продолжува и во следните викенди на различни локации.

Галерија


Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани