НАСТАНИ

Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје, ги награди совесните граѓани за правилното постапување со електричниот и електронски отпад во Општина Прилеп


Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје, ги награди совесните граѓани за правилното постапување со електричниот и електронски отпад во Општина Прилеп, каде беа извлечени 5 наградни купони за учесниците, кои во текот на наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ" оставаа електричен и електронски отпад во Еко магацините на ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје. Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје во соработка со Општина Прилеп, во периодот од 04.09 до 31.10.2017 година, го реализираше третиот циклус од наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме". Извлекувањето на наградите за учесниците од оваа Општина се одржа на 31.10.2017 год. кога станаа познати среќните добитници на наградите кои ги обезбеди ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје, со цел да се награди совесноста на граѓаните за правилно постапување со електричниот и електронски отпад. Извелкувањето на наградените купони, беше организирано во Кино Салата „Мис Стон“ – Центар на Култура „Марко Цепенков“, бул. Гоце Делчев бб, а под надзор на тричлена комисија составена од два члена од Општината и еден член од ЕЛКОЛЕКТ:

Добитни купони се:

  Награда Сериски број
1 Тостер Хјундај SM 626 001335
2 Pionir DVD 001048
3 Телефон LTE - G Class 001343
4 Фотоапарат Sony DSC - W800B 001034
5 LED TV 001395

Наградите може да се подигнат во просториите на Општина Прилеп.

ЕЛКОЛЕКТ доо - Скопје, им честита на среќните добитници од Општина Прилеп и ги поканува да продолжат да го селектираат и остaваат е-отпадот во екомагацините на ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје.


Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани