НАСТАНИ

Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје, ги награди совесните граѓани за правилното постапување со електричниот и електронски отпад во Општина Дебрца


Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје, ги награди совесните граѓани за правилното постапување со електричниот и електронски отпад во Општина Дебрца, каде беа извлечени 5 наградни купони за учесниците, кои во текот на наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ" оставаа електричен и електронски отпад во Еко магацинот на ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје. Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје во соработка со Општината Дебрца, во периодот од 04.09 до 31.10.2017 година, го реализираше третиот циклус од наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме". Извлекувањето на наградите за учесниците од оваа општина се одржа на 31.10.2017 год. кога станаа познати среќните добитници на наградите кои ги обезбеди ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје, со цел да се награди совесноста на граѓаните за правилно постапување со електричниот и електронски отпад. Извелкувањето на наградените купони, беше организирано во просториите на Општината, с. Белчишта, а под надзор на тричлена комисија составена од два члена од општината и еден член од ЕЛКОЛЕКТ:

Добитни купони се:

  Награда Сериски број
1 Тостер Хјундај SM 626 004410
2 Pionir DVD 004363
3 Телефон LTE - G Class 004384
4 Фотоапарат Sony DSC - W800B 004397
5 LED TV 004395


Наградите може да се подигнат од просториите на Општина Дебрца.

ЕЛКОЛЕКТ доо - Скопје, им честита на среќните добитници од Општина Дебрца и ги поканува да продолжат да го селектираат и оставаат е-отпадот во екомагацините на ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје.

Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани