НАСТАНИ

Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје, ги награди совесните граѓани за правилното постапување со електричниот и електронски отпад во Општина Битола


Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје, ги награди совесните граѓани за правилното постапување со електричниот и електронски отпад во Општина Битола, каде беа извлечени 5 наградни купони за учесниците, кои во текот на наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ" оставаа електричен и електронски отпад во Еко магацинот на ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје.

Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје во соработка со Општина Битола и ЈКП „Комуналец“ - Битола, во периодот од 04.09 до 31.10.2017 година, го реализираше третиот циклус од наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме". Извлекувањето на наградите за учесниците од оваа Општина се одржа на 31.10.2017 год. кога станаа познати среќните добитници на наградите кои ги обезбеди ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје, со цел да се награди совесноста на граѓаните за правилно постапување со електричниот и електронски отпад. Извелкувањето на наградените купони, беше организирано во просториите на ЈКП „Комуналец“, ул. 16 бб, а под надзор на тричлена комисија составена од два члена од Општината и еден член од ЕЛКОЛЕКТ:

  Награда Сериски број
1 Тостер Хјундај SM 626 018015
2 Pionir DVD 018003
3 Телефон LTE - G Class 018037
4 Фотоапарат Sony DSC - W800B 018043
5 LED TV 018020


Наградите може да се подигнат од просториите на ЈКП „Комуналец“, ул. 16 бб.

ЕЛКОЛЕКТ доо - Скопје, им честита на среќните добитници од Општина Битола и ги поканува да продолжат да го селектираат и остaваат е-отпадот во екомагацините на ЕЛКОЛЕКТ ДОО - Скопје.

Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани