НАСТАНИ

Одржана презентацијата на тема "Подигање на еколошката свест на најмладите и нивно запознавање со значењето на ОЕЕО", во Меѓународното училиште „Нова“, Скопје


Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО ја започна својата акција за подигање на еколошката свест на најмладите и нивно запознавање со поимот отпад од електрична и електронска опрема.

Саемот на наука, што се одржа во Меѓународното училиште „Нова“, Скопје, на кој младите научници практично прикажаа што значи терминот РЕУПОТРЕБИ, воедно беше и прилика за надградување на нивнито знаење во делот на рециклирањето на Е-отпадот.

Во време на брз технолошки развиток и честа замена на електронските апарати кои секојдневно ги користат младите генерации (компјутери, телефони, таблети и сл), презентацијата имаше за цел да го покаже негативното влијание што го има овој вид на отпад врз животната средина и потребата од соодветно постапување. Отпадот од електрична и електронска опрема претставува опасен отпад и во својот состав содржи многу штетни материи, кои доколку не се постапува соодветно, можат да ја загадат животната средина, но и да предизвикаат сериозни последици по здравјето на луѓето.

Децата со интерактивно учество ја следеа презентацијата и на крај, како пример кој тука започнува, но ќе продолжи да се практикува и понатаму, ги одложија своите стари и неупотребливи електронски апарати во корпата за собирање на Е-отпад. Со ова покажаа дека најмладите се свесни за потребата од заштита на животната средина.

Галерија


Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани