НАСТАНИ

Донација на Елколект на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања КОЗЛЕ


Донација на Елколект на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања КОЗЛЕ На 19.09.2017 година, во проториите на институтот за белодробни заболувања КОЗЛЕ, компанијата Елколект, ја донираше наградата за компанија со најголем придонес во заштитата на животната средина за 2017 од град Скопје. Донацијата се состои од неопходни Calshake производи (млечен протеин, масти и јагленихидрати), наменети за децата кои се болни од цистична фиброза.

 

 

Претставник од Елколект, донацијата му ја врачи на раководителот на одделението за „Цистична Фиброза“, др. Оливер Зафировски, кој на компанијата Елколект и ја честиташе наградата и изрази благодарност за донацијата и придонесот на Елколект за подобрување на здравјето на децата болни од цистична фиброза.

Како колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема компанијата Елколект, своето знаење и вештини ги насочува кон воспоставување функционален систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, на начин кој нема да создава дополнителен товар на животната средина и животот и здравјето на граѓаните на Република Македонија.

 

 

 

 

 

 

Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани