НАСТАНИ

ЕЛКОЛЕКТ И ОПШТИНА КАРПОШ СО РЕЗУЛТАТИ НАД ОЧЕКУВАНИТЕ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ"


Се доделија наградите на тројцата нaјсреќни жители на општина Карпош, чии наградни купони беа извлечени на 26ти декември. Карпошани масовно учествуваа  во наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ", во организација на Елколект, која се одвиваше неполн месец во општина Карпош, едновремено со акците во Гевгелија, Берово, Богданци и Ѓорче Петров.
Фана Христовска – управител на Елколект изјави дека е задоволна од резултатот на наградната игра и од соработката со општините, посочувајќи дека ваков вид на акции е од искучителна важност за едукација и јакнење на свеста кај граѓаните за потребата од селектирање на отпад со акцент на посебниот третман кон селекцијата на електронскиот и електричен отпад. Таа се заблагодари на граѓаните на петте општини кои земаа учество во наградната игра бидејќи тие директно придонесоа да се намали штетното влијание врз животната средина и здравјето  на луѓето од овој тип на отпад.

 

Преставниците на општината изјавија дека ефикасноста на оваа акција е од огромно значење,  имајќи предвид дека електричниот и електронскиот отпад во себе има опасни материјали штетни по здравјето на човекот и непосредното животно опкружување. Соработката со компанијата Елколект претставува вистинско задоволство. Општина Карпош заедно со компанијата Елколект ќе подолжи со соработката која е во насока на зачувување на животната средина и здравејто на нашите сограѓани.

Извлекувањето се одвиваше во Кинотека на Република Македонија во општина Карпош пред многубројна публика а под надзор на тричлена комисија составена од два члена од општината и по еден член од Елколект.
Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект  сака да се заблагодари на граѓаните кои својот електричен и електронски отпад го оставаат на  пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите на отстранување на овој вид отпад од своите домашни или деловни простории, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје.
Со реализирањето на доделувањето на наградите, само неколку денови по извлекувањето на наградните купони, во овој празничен период, Елколект внесе дополнителна радост кај извлечените добитници и нивните семејства.

 

ОПШТИНА КАРПОШ         

ВИД НАГРАДА

ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ

ИМЕ НА ДОБИТНИК

ПРАВОСМУКАЛКА

002782

Валентина Лисичкова

ТЕЛЕВИЗОР

002797

Оливера Кофрц

ЛАП ТОП

004194

Гургица Поповска Јовановска

Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани