НАСТАНИ

ЕЛКОЛЕКТ И ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА СО РЕЗУЛТАТИ НАД ОЧЕКУВАНИТЕ ОД НАГРАДНАТА ИГРА „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ"


Се доделија наградите на тројцата нaјсреќни жители на општина Гевгелија, чии наградни купони беа извлечени на 26ти декември. Гевгеличани масовно учествуваа  во наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ", во организација на Елколект, која се одвиваше неполн месец во општина Гевгелија, едновремено со акците во Богданци, Берово, Карпош и Ѓорче Петров.


„Соработката со Елколект е на највискоко ниво, сигурни сме дека со оваа акција не само што граѓаните се ослободуваат од електричен и електронски отпад, тие и се едуцираат за тоа како да ја зачуваме нашата еко средина. Среќни сме што нашите совесни и еколошки свесни граѓани се наградени за својот придонес кон почисто општество“ – изјави еден од преставниците на општината
Извлекувањето се одвиваше во просториите на Народниот театар на општина Гевгелија пред многубрјна публика и под надзор на  тричлена комисија составена од два члена од општината и по еден член од Елколект.

Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект  сака да се заблагодари на граѓаните кои својот електричен и електронски отпад го оставаат на  пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите на отстранување на овој вид отпад од своите домашни или деловни простории, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје.
Со реализирањето на доделувањето на наградите, само неколку денови по извлекувањето на наградните купони, во овој празничен период, Елколект внесе дополнителна радост кај извлечените добитници и нивните семејства.

 

ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА


ВИД НАГРАДА

ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ

ИМЕ НА ДОБИТНИК

ПРАВОСМУКАЛКА

008068

Зоран Ристов

ТЕЛЕВИЗОР

007825

Ангел Паласкаров

ЛАП ТОП

008078

Тодор Велков

 

КАТЕГОРИИ
Промотивни материјали

Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани