НАСТАНИ

ЕЛКОЛЕКТ И ОПШТИНА БОГДАНЦИ СО РЕЗУЛТАТИ НАД ОЧЕКУВАНИТЕ ОД  НАГРАДНАТА ИГРА „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ"


Се доделија наградите на тројцата нaјсреќни жители на општина Богданци, чии наградни купони беа извлечени на 26ти декември. Богданчани масовно учествуваа  во наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ", во организација на Елколект, која се одвиваше неполн месец во општина Богданци, едновремено со акците во Гевгелија, Берово, Карпош и Ѓорче Петров.


Здравко Зинзиров маркетинг менаџер на Елколект, на денот на извлекување, како и на денот на доделување ја истакна големата ангажираност на општинските работници како и на совесните жителите на општина Богданци, потенцирајќи дека станува збор за една од најдобро организираните општини и постигнатите резулати се над очекуваните.
Големиот интерес од граѓаните и конструктивна соработка со општинскот тим со поддршка од градоначалникот, дадоа извонредни резултати со кои се потврди успехот на оваа еко акција, но се отвори и простор за уште поголема соработка во прилог нз здравјето на граѓаните и зачувувањето на чистата животна средина во општина Богданци.

Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект  сака да се заблагодари на граѓаните кои својот електричен и електронски отпад го оставаат на  пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите на отстранување на овој вид отпад од своите домашни или деловни простории, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје.
Со реализирањето на доделувањето на наградите, само неколку денови по извлекувањето на наградните купони, во овој празничен период, Елколект внесе дополнителна радост кај извлечените добитници и нивните семејства. 

ОПШТИНА БОГДАНЦИ     


ВИД НАГРАДА

ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ

ИМЕ НА ДОБИТНИК

ПРАВОСМУКАЛКА

010704

Блажо Маџиров

ТЕЛЕВИЗОР

009025

Мите Стамков

ЛАП ТОП

010715

Надица Маџирова

 

КАТЕГОРИИ
Промотивни материјали

Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани