НАСТАНИ

Фана Христовска, Управителот на „Елколект“ ДОО, во рамките на Kонференцијатa „Закон за ЕЕО и ОЕЕО - како до успешна практична примена?, одржа своја презентација на тема "Придобивки од колективно постапување со ОЕЕО"


На 06.05.2015 година, Управителот на Елколект, Фана Христовска, одржа презентација на тема “Придобивки од колективното постапување со отпадна електрична и електронска опрема”.

Презентацијата беше изведена во рамките на Конференцијата на тема “Закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема – како до успешна практична примена”, која ја организираше Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на Македонија.

Конференцијата на која покрај другите учесници, присуствуваа и министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Амбасадорот на Република Унгарија во Македонија и директорот на Државниот инспекторат за животна средина, беше уште една можност сите засегнати субјекти да го искажат своето мислење во функција на поуспешна примена на Законот.

Галерија


ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани