НАСТАНИ

ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ" ВО ОПШТИНА Берово

РЕЗУЛТАТИТЕ ОД НАГРАДНАТА ИГРА НА ЕЛКОЛЕКТ „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ" ЈА ПОТВРДИЈА ВИСОКАТА ЕКОЛОШКА СВЕСТ НА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БЕРОВО


  • Во салата Инкубатор во општина Берово, на 26ти декември 2016та извлечени и доделени трите награди од Елколект, пред голем аудиториум
  • Еко акцијата на Елколект со директна поддршка од градоначалникот Драги Наџински
  • Општина Берово сериозно решена да ги преземе сите мерки и да се исчисти од електронскиот и електричен отпад
  • Соработката на општина Берово и Елколект резултира со се поголема едуцираност на населението во Берово и околните села, по однос на посебниот третман на електронскиот и електричен отпад
  • Граѓаните на општина Берово, за неполн месец колку што траеше наградната игра, три пати го полнеа еко магацинот на Елколект
  • Во акцијата се вклучија и малите сервиси за поправка на електрични и електронски апарати

На последниот ден од наградната игра, на 26ти декември 2016та, тим на Елколект ја посети општина Берово со цел извлекување на наградните купони. Во општина Берово извлекувањето се одвиваше во општинската сала Инкубатор во присуство на близу сто граѓани од кои поголем дел учесници со нивните семејства. Успешноста на акцијата  мерена во три пати полнет еко магацин, како и организацијата на тимот од општината го потврди сериозниот пристап на граѓаните на општина Берово.
На настанот се обрати градоначалникот на општина Берово г-дин Драги Наџински кој со задоволство истакна дека граѓаните на општина Берово се се посвесни за потребата од правилен третман на електронскиот и електриен отпад и со задоволство прифаќаат активности и се вклучуваат во проекти од општествен интерес.
Градоначалникот Наџински го истакна своето задоволство од високата професионалност и организираност на тимот на Елколект и се заблагодари на Елколект на досегашната соработка, осврнувајќи се на успешноста на оваа еко акција преточена низ наградна игра за мотивација и награда на совесните граѓани.
Не изостанаа ни пофалбите од присутните претставници на Елколект кои истакнаа дека општина Берово предничи во сериозниот пристап кон третманот на електронскиот и електричен отпад и дека е забележлив интересот на граѓаните за теми поврзани со унапредувањето на нивната општина по однос на зачувување на приматот на еколошки здрава средина.
Наградната игра на Елколект „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ" започна на 28ми ноември 2016та година а заврши токму во празничниот период во времето за дарување.

 

РЕЗУЛТАТИ ОД НАГРАДНА ИГРА „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ"
ВО ОПШТИНА БЕРОВО

ВИД НАГРАДА

ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ

ИМЕ НА ДОБИТНИК

ПРАВОСМУКАЛКА

009611

Душка Фиданска

 ТЕЛЕВИЗОР

009849

Драги Мадевски

ЛАП ТОП

009718

Тони (Мартин) Димовски

Токму во овој убав празничен период, Елколект внесе дополнителна радост. Најрадосни беа сопствениците на извлечените наградни купони кои присуствуваа на извлекувањето и веднаш си ги подигнаа наградите. Наградите ги извлекуваа учесници од публиката, а регуларноста ја следеше тричлена жири комисија составена од две члена од општината и еден претсавник од Елколект.
Би ја издвоиле радоста на младиот Мартин чиј татко Тони беше еден од најактивните учесници со најголем број на оставени електрични и електронски апарати во еко магацинот на Елколект во општина Берово, а со тоа се стекна со најголем број купони за учество. Младиот Мартин беше видно израдуван кога токму еден од купоните на неговиот татко беше извлечен за наградата лаптоп - најпосакуваната награда на Мартин. Среќното семејство на Мартин ни се довери дека имаат сервис за поправка на електрични и електронски апарати и токму старите и дотрајани компјутери оставени во еко магацинот на Елколект му донеле нов лаптоп на Мартин.
Интересен беше разговорот и со добитничката на правослукалка, која за да учествува во наградната игра покрај стара и дотрајана машина за перење во еко магацинот на Елколект со сопругот оставила стара правосмукалка.
Ова се секако докази дека среќата си го наоѓа патот. Ангажираноста и посветеноста вродуваат со плод. Најголемите придобивки се сепак за сите, а тоа е здравата средина за живеење.
Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект  сака да се заблагодари на граѓаните кои својот електричен и електронски отпад го оставаат на  пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите на отстранување на овој вид отпад од своите домашни или деловни простории, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје.

 

КАТЕГОРИИ
Промотивни материјали

Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани