НАСТАНИ

Одржан еко-хепенингот „Играј , пеј и рециклирај Е-отпад“



Играј, пеј и рециклирај Е-отпад е големиот еко-хепенинг кој се одржа на 29.05.2016 година на Градски Парк на „Школка“, со цел промоција на правилното постапување со електричниот и електронски отпад и подигнување на јавната свест за потребата од селекција и рециклирање на овој тип на отпад.

Настанот се организираше во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“, имплементиран од Центар за климатски промени а финансиран од Американската Амбасада во Скопје.

На настанот учествуваа ученици од повеќе основни училишта од Скопје, кои со разновидната забавна програма на тема електричен и електронски отпад, упатија порака до јавноста за начинот на постапување со овој тип отпад и негативните влијанија од истиот врз животната средина.

Во рамките на проектот „Е-отпад создава можности“, беа собрани 5.085 кг електричен и електронски отпад, за чие преземање и соодветно постапување во текот на целата учебна година се грижеше Елколект Доо Скопје.

Со цел да ги мотивира училиштата кои предадоа е-отпад во рамките на овој проект Елколект обезбеди вредни награди - 11 принтери. Исто така, Елколект ќе продолжи да го собира е-отпадот од контејнерите кои се поставени во училиштата во рамките на овој проект и во иднина.

Галерија


Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани