НАСТАНИ

Елколект одржа обука за Законот за управување со ЕЕО и ОЕЕО, и БА и ОБА


На 26.01.2015 година во просториите на Стопанска комора на Македонија, Друштвото за управување со отпад ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје, во рамките на остварување на своите програмски цели, а со цел целосно и навремено информирање на своите членови, организираше обука за примена на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори.

Обуката ја водеше Фана Христовска, управител на ДОО Eлколект Скопје. Како гости присуствуваa г-дин Владо Момировски, претставник на Екоцентар 97 од Скопје - лиценциран постапувач со отпад, а воедно и претседател на Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклатори при Стопанската комора на РМ, и г-дин Дарко Блинков, Државен инспектор за животна средина, кој ги презентираше обврските на компаниите од аспект на спроведување на законот.

На семинарот присуствуваа и претставници на фирмите производители на електрична и електронска опрема - членови на Елколект ДОО - Скопје, како и останати фирми - производители на електрична и електронска опрема.

Обуката ги опфати прашањата кои се однесуваат на: вовед во законодавството; обврски на производителите и начин на пополнување на: месечните извештаи, дневникот за евиденција, идентификационен и транспортен формулари и инспекциски надзор.

Во текот на обуката, учесниците имаа можност да добијат дополнителни информации за начинот на постапување со историскиот отпад како и да добијат одговор на различни прашања од доменот на заштита на животна средина.

Галерија


ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани