НАСТАНИ

„ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“ НАГРАДНА ИГРА – III Циклус 2019 година


Третиот циклус од наградната игра насловена „ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“ се одвива во периодот од 16.09.2019 до 18.11.2019 година во општина Гостивар.

Во наградната игра имаат право да учествуваат сите полнолетни жители на оваа општинадо колку го донесат својот е-отпад на определените места и тоа:

  • - Паркинг на КАМ Маркет „Гостивар 2“ ул. Браќа Гиноски бб и
  • - Комуналец Гостивар – Магцини Индустриска Зона ул. Илинденска ББ.

За секој донесен е-отпад следува награден купон, кој ќе биде предмет на извлекување на крајот од наградната игра.

Постои можност за добивање на два купона, за доставен електричен и/или електронски отпад кој припаѓа на следните категории согласно „Листа на видови на производи кои припаѓаат во категориите на електрична и електронска опрема“:

  • Големи Домашни Апарати,
  • Опрема за Информатичка Технологија и Телекомуникација,
  • Опрема за Широка Потрошувачка и Забавна Електроника и
  • Електричен и Електронски Алат (со исклучок на неподвижни индустриски орудија со големи размери).

Еден купон се добива за отпад од категориите:

  • Мали Домашни Апарати,
  • Опрема за Осветлување,
  • Електрични и Електронски Играчки, (Опрема за Забава и Спорт) и
  • Инструменти за Следење и Контрола.

Времето и местото на извлекување на добитниците во оваа наградна игра е следно:

  • 10:00 часот во просториите на општина Гостивар, Сала на совет на општина Гостивар на ул. Браќа Гиноски бр. 61.

Учествувајте и очекувајте една од вредните награди кои ги подготвивме за вас.

Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани