НАСТАНИ

Завршен вториот циклус од Наградната игра „ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“ за 2019 година


Со завршетокот на месец Јуни го завршивме и вториот циклус од наградната игра која беше спроведена на територија на општина Крива Паланка и општина Штип во период од 02.05.2019 до 28.06.2019 година. И овој циклус како и сите досегашни заврши со голема количина собран е-отпад, што ни кажува дека кај граѓаните е развиена еколошката свест за примарна селекција на овој вид на отпад.

Извлекувањето на среќните добитни купони беше спроведено на 28.06.2019 во:

  • - Општина Крива Паланка, во10:00 часот, во големата сала на Општина Крива Паланка, на ул. Св. Јоаким Осоговски бр. 175 и
  • - Општина Штип, во 14:00 часот, во Сала 2 на Општина Штип на ул. Васил Главинов бр. 4 б.

На извлекувањето, кое беше од јавен карактер присуствуваа голем број на заинтересирани граѓани од Општините кои го донесоа својот е-отпад и придонесоа за почиста животна средина во нивната Општина.

Доделени награди во Општина Крива Паланка:

  Опис Количина Број на награден купон
1 Таблет 7“ 1 003343
2 Цедалка 1 003402
3 Тастарура + Глувче со USB 1 003459
4 Апарат за смути 1 003329
5 Фен за коса 1 003392
5 Сецко 1 003374
5 Будилник 1 003466

Доделени награди во Општина Штип:

  Опис Количина NБрој на награден купон
1 Таблет 7“ 1 001831
2 Цедалка 1 001889
3 Тастарура + Глувче со USB 1 001835
4 Апарат за смути 1 001880
5 Фен за коса 1 001800
5 Сецко 1 001869
5 Будилник 1 001826

Добитниците кои не беа присутни на јавното извлекување на наградните купони и не ги подигнаа своите награди, истото можат да го сторат во рок од 60 календарски денови од денот на извлекувањетово просториите на Општините и тоа:

  • - Општина Крива Паланка со адреса: Св. Јоаким Осоговски бр. 175 и
  • - Општина Штип со адреса: Васил Главинов бб.

На сите среќни добитници им честитаме за добиените награди и им благодариме за учеството. Се надеваме дека ќе продолжат и понатаму да го селектираат својот е-отпад и со тоа ќе придонесат за чиста и здрава животна средина во нивната Општина.

Галерија


Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани