НАСТАНИ

Завршен првиот циклус од Наградната игра „ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“ за 2019 година


Првиот циклус од наградната играспроведена во период од 17.04.2019 до 13.06.2019 на територија на Општина Неготино и Радовиш, успешно заврши.

Извлекувањето на среќните добитни купони е спроведено на 17.06.2019 во:

  • Општина Неготино, со почеток во10:00 часот, во просториите на Центарот за Култура Ацо Ѓорчев, на адреса ул. Даме Груев б.б. – Неготино и
  • Општина Радовиш, со почеток во 14:00 часот, во Центарот за Култура Ацо Караманов, на адреса ул. 22 Октомври б.б. – Радовиш.

Извлекувањето беше од јавен карактер и истото се одвиваше под водство на тричлена комисија составенa од претставници од ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, Општините и Јавните Комунални Претпријатија, а во присуство на заинтересирани граѓани од Општините.

Доделени награди во Општина Неготино:

  Опис Количина Број на награден купон
1 Таблет 7“ 1 001589
2 Цедалка 1 001547
3 Тастарура + Глувче со USB 1 001549
4 Апарат за смути 1 001523
5 Фен за коса 1 003502
5 Сецко 1 001545
5 Будилник 1 003517

Доделени награди во Општина Радовиш:

  Опис Количина NБрој на награден купон
1 Таблет 7“ 1 003049
2 Цедалка 1 003134
3 Тастарура + Глувче со USB 1 003843
4 Апарат за смути 1 003036
5 Фен за коса 1 003842
5 Сецко 1 003053
5 Будилник 1 003952

Добитниците кои не беа присутни на јавното извлекување на наградните купони и не ги подигнаа своите награди, истото можат да го сторат во рок од 60 календарски денови од денот на извлекувањето во просториите на Општините и тоа:

  • Општина Неготино со адреса: ул. Ацо Аџи Илов бр. 2 – Неготино и
  • Општина Радовиш со адреса: бул. Александар Македонски бр. 7 – Радовиш.

На сите среќни добитници им честитаме за добиените награди и им благодариме за учеството. Се надеваме дека ќе продолжат и понатаму да го селектираат својот е-отпад и со тоа ќе придонесат за чиста и здрава животна средина

Галерија


Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани