НАСТАНИ

„ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“ - НАГРАДНА ИГРА – II Циклус 2019 година


Започна и Вториот циклус од наградната игра насловена „ЈА САКАМ МОЈАТА ОПШТИНА“ кој ќе се одвива во периодот од 02.05.2019 до 27.06.2019 година во општините Крива Паланка и Штип.

Во наградната игра имаат право да учествуваат сите полнолетни жители на овие две општини доколку го донесат својот е-отпад на определеното место. За секој донесен е-отпад следува награден купон, кој ќе биде премет на извлекување на крајот од наградната игра.

Постои можност за добивање на два купона, за доставен електричен и/или електронски отпад кој припаѓа на следните категории согласно „Листа на видови на производи кои припаѓаат во категориите на електрична и електронска опрема“:

  • Големи Домашни Апарати,
  • Опрема за Информатичка Технологија и Телекомуникација,
  • Опрема за Широка Потрошувачка и Забавна Електроника и
  • Електричен и Електронски Алат (со исклучок на неподвижни индустриски орудија со големи размери).

Еден купон се добива за отпад од категориите:

  • Мали Домашни Апарати,
  • Опрема за Осветлување,
  • Електрични и Електронски Играчки, (Опрема за Забава и Спорт) и
  • Инструменти за Следење и Контрола.

Времето и местото на извлекување на добитниците во оваа наградна игра е следно:

  • Општина Крива Паланка, во 10:00 часот, во големата сала на Општина Крива Паланка, на ул. Св. Јоаким Осоговски бр. 175 – Крива Паланка и
  • Општина Штип, во 14:00 часот, во Сала 2 на Општина Штип на ул. Васил Главинов бр.4 б – Штип.

Учествувајте и очекувајте една од вредните награди кои ги подготвивме за вас.

Галерија


Брошура

MK АЛ ЕН
ЕЛКОЛЕКТ © 2014 Сите права се задржани